По повод патрониот празник на основното училиште „Ѓорѓи Сугарев“, градоначалничката на Битола, Наташа Петровска го посети училиштето и оствари средба со директорот Роберт Филиповски.

Петровска беше запозната со најновите реконструктивни зафати во училиштето, особено во кабинетот по ликовно образование и дел од излезните фасади. Беше нагласено дека оваа локална самоуправа во голема мерка ја дава поддршката за подобрување на условите за изведба на настава во самиот објект, паралелно осовременувајќи ги условите со нагледни средства и опрема во училиштето.

На средбата се разговараше и за измените во Законот за основното образование, кое го вклучува сегментот на инклузивност на децата, како и за можните натамошни реконструктивни зафати во и околу објектот.

Градоначалничката се сретна и со тројцата наградени ученици по повод патрониот празник, кој се одбележа скромно, со полагање цвеќе на споменикот, поради пандемиските услови со ковид-19. М.М.