Градоначалникот на општина Новаци, Стевче Стевановски, оствари средба со жителите на Новаци.
– Пред присутните ги изнесов моите предлог-проекти кои ќе бидат испланирани во буџетот на општина Новаци за фискалната 2022 година, но секако дека ги запознав и со обврските и долговите кои ги наследив од претходното раководство поради што ќе имам лимитирани финансии и можности за реализација – рече Стевче Стевановски
Целта на состанокот беше да ги слушнам нивните потреби и проблеми со цел заедно да најдиме решение на истите. Дел од нивните барања се следни: чистење на канализацијата, поставување на вага за мерење на нивните земјоделски производи, одржување на уличното осветлување и слично.
Барањата им се реални и лесно остварливи и истите ќе бидат направени во најскоро време, рече Стевановски.
М.М.