Денеска во спортската сала во Куманово во присуство на неколку илјади посетители се одржа голема прослава со која што беа одбележани 60 години од оснивањето на детската градинка „Ангел Шајче“, една од најстарите градинки во Македонија

На прославата околу петстотини дечиња од сите шест градинки – клонови кои што влегуваат во составот на градинката „Ангел Шајче“ изведоа голема и свечена приредба под наслов „Низ времето патуваме и роденден прославуваме“ на која што преку детски игри и музички нумери присутните гледачи ги вратија низ времето многу години наназад при тоа прикажувајки го развојниот пат на градинката од оснивањето, па сè до ден денеска.

На прославата на 60 годишнината на кумановската градинка, покрај неколку илјадната публика, присуствуваа и многу гости како од Куманово, така и од речиси сите градови од државата, a меѓу кои беа и гости од минитерството за труд и социјална политика предводени од министерката Мила Царовска.
Т.Д.