Фото: илустрација

Виадукт Трејд известува дека ќе се изведуваат градежни активности при поставување на индуктивни јамки на автопат, наплатна станица Тетово, патен правец Гостивар – Тетово во времетраење од два дена, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.

Виадукт Трејд започна и со изведување на градежни активности за поставување на електрично осветлување на крстосница Катланово на магистрален пат А1, делница Петровец – Катланово, во времетраење од 30 дена, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.

Денеска започна и изведувањето на градежни активности на дел од ул. „Ѓорче Петров” од крстосница со бул. „Кузман Јосифовски Питу” до БС Макпетрол, патен правец Скопје – Тетово, во времетраење од 10 дена, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај (пренасочување на соседните улици, како и автобуските станици на ЈСП).