Огромен шумски пожар утрово беше забележан над селото Зајас, кичевско. Жариштата има на повеќе места истовремено, што изгледа како пожарот да е намерно подметнат.

Во моментите кога нашата екипа го регистрираше пожарот, не беа забележани интервентни екипи за негово гаснење. Жариштата се спојуваат и формираат фронт широк околу еден километар.