Свеченоста ќе се одржи пред споменикот на Гоце во центарот на градот

Општина Делчево со пригодна свеченост на 4 мај ќе ја одбележи 117-годишнината од смртта на револуционерот и патрон на градот, Гоце Делчев. По тој повод oваа локална самоуправа организира пригодна свеченост пред споменикот на револуционерот Делчев во центарот на градот, со почеток во 10 часот, со препорака учесниците да се придржуваат кон сите мерки и препораки за заштита од коронавирусот.

– Општина Делчево ги поканува сите заинтересирани граѓани, институции, политички партии и здруженија на граѓани што сакаат да присуствуваат на настанот и да положат свежо цвеќе пред споменикот на Делчев, тоа да го направат почитувајќи ги актуелните препораки за заштита од болеста ковид-19, односно задолжително да носат заштитни маски за лице и да држат растојание од два метри за време на настанот.

Наедно, се препорачува на настанот да присуствуваат по двајца претставници од институциите, организациите и здруженијата – велат надлежните од Општина Делчево.