Југоисточен Плански Регион

Центарот за развој на Југоисточниот Плански Регион, во соработка со десетте општини од регионот, во согласност со одлуката на Советот за развој на Југоисточниот Плански Регион, организира прво адултно прскање по земјен пат против комарци. На 9 јули 2021 година (петок), второто прскање по земјен пат против возрасни комарци ќе биде извршено во општините Гевгелија, Богданци, Дојран и Валандово, во периодот од 20 до 4 часот.
Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземaт соодветни мерки за заштита, со нивно затворање во најавениот временски период. Во согласност со договорот и препорачаните интервали за навремено прскање против комарци oд страна на центрите за јавно здравје, за поголема ефикасност во заштитата на граѓаните од комарци, во Општина Гевгелија и во преостанатите општини следува уште едно третирање по земјен пат, односно теристичка аеросолна дезинсекција против возрасни комарци со УЛВ-метод.