Поради пандемијата на ковид-19 во изминатата година голем број мали трговци и сопственици на дукани им ставија катанец на своите дуќани. Во Битола, особено во Новиот градски пазар, наместо потрошувачите да чекаат пред дуканите, тоа го прават кучињата. Сликата која ја забележавме денеска навистина е непријатна.

Пред голем број дуќани во Новиот градски пазар во Нова Битола лежат голем број кучиња-скитници. Сопствениците на дуќаните реагираат, но засега никој не може да ги одвикне кучињата-скитници да лежат пред дуќаните.

На ваквата состојба реагираат и од Градскиот пазар кои никако не можат да се справат со кучињата скитници, кои не само што ги плашат купувачите, туку оставаат измет
каде што ќе стигнат.

– Поради короната во голема мера се намали бројот на купувачите. Но и тие малубројни купувачи кои го посетуваат пазарот да купат нешто, од кучињата-скитници
се плашат да влезат во дуќаните, бидејќи пред вратите лежат голем број кучиња – реагираат сопствениците на дуќаните во Битола.

За кучињата-скитници во Битола веќе подолго време никој не се грижи и оставени се на милост и немилост. Во изминатиот период настрадаа и неколку битолчани кои беа искасани од кучиња-скитници. М.М.