Времето во Македонија ќе биде сончево со мала облачност и со слаб променлив ветер. 
По одделни котлини во утринските часови ќе има појава на магла.

Утринската температура ќе се движи од минус седум до два, а дневната од четири до 13 степени.

Во Скопје, слично време, сончево со мала облачност и со слаб променлив ветер. Во утринските часови ќе има појава на магла. Утринската температура ќе се спушти до минус еден, а дневната ќе достигне до осум степени.

Во понеделник ќе дува засилен јужен ветер што ќе предизвика значителен пораст на температурата. Попладне од запад ќе започнат врнежи претежно од дожд кои преку ноќта во западните делови ќе преминуваат во снег и ќе имаат пообилен карактер. Од вторник следува период на студено време со локални врнежи од снег со слаб до умерен интензитет и ќе се формира нова снежна покривка и на пониските места.