Фото: Зоран Антоски

При денешната акција за чистење на животната средина, вработените во културата во Кичево под мотото „Не биди ѓубре“, во целост го исчистија подножјето на Китиното Кале, ги поткастрија парковските стебла и создадоа една поинаква, поубава слика за овој локалитет во средиштето на градот.

– Ние вработените во културата, денес под мотото „Не биди ѓубре“ спроведовме акција за чистење на подножјето на Китиното Кале, каде имаше нафрлано поголеми количества секаков вид отпад, ги поткастривме парковските стебла, ја исчистивме околината на Центарот на култура и ги подготвивме за зима жардињерите за цвеќе поставени пред самиот центар. Се надеваме дека нашиот пример во иднина ќе го следат голем број наши сограѓани, за сите да имаме почист град и поздрава околина, што од нас го бара и Европската Унија – истакнаа вработените во културата од Кичево.

Во денешната еко-акција беа вклучени речиси сите вработени во јавната администрација, локалната самоуправа, комуналците и многу други.