Директорот на Агенција за млади и спорт, Дарко Каевски и заменик-директорот, Измит Нура, денеска извршија увид во градежните активности за изградба на првиот затворен пливачки базен во Општина Тетово.

Надлежните информираат дека во отежнати услови предизвикани од пандемијата на коронавирусот, темпото на изградба не е забавено, па се очекува да биде готов на крајот на годинава, а на почетокот на 2021 година да биде пуштен и подготвен за употреба.

Инаку, базенот е дел од проектот „Изградба на 14 пливачки базени” на Агенција за млади и спорт. Проектот предвидува изградба на затворени базени во 14 општини.