Пожарникарите од ТППЕ Струмица вчера гаснеле осум пожари на отворено во Струмичкиот регион. Интервенирале во селата Баница, Просениково, Сачево, Куклиш, Муртино, Старо Коњарево, Колешино и на еден пожар на отворено на локација во Струмица.

-Беа запалени сува трева и ниско стеблеста шума на површина од околу три хектари. Сите пожари се предизвикани од човечки фактор – информира командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев.

Апелира до земјоделците да не ги палат стрништата во овој сушен период, бидејќи опасноста од неконтролирано ширење на пожарот е огромна.