Со потпишување на договор со најповолниот понудувач за изработка на идејниот и основниот проект, општина Радовиш ги почна подготовките за изградба на гасоводна мрежа во должина од седум километри.

Скопската компанија „Филбис“ има рок од шест месеци да ги подготви идејниот и основниот проект, со вклучена ревизија, за изградба на секундарна дистрибутивна гасоводна мрежа во Радовиш.

Радовиш е еден од градовите во земјава што не се вклучени во првата фаза од изградбата на магистралните гасоводи, која што ги вклучува трите проекти: Скопје-Тетово-Гостивар, Штип-Неготино и Неготино-Кавадарци-Прилеп-Битола.

Инаку, Радовиш треба да се поврзе со магистралниот крак во следната фаза и во 2021 година ќе може да се поврзе на магистралниот гасовод.