Во општина Прилеп се е подготвено за утрешниот почеток на новата учебна година. Според информациите од Каролина Николоска, советник за образование во општината, во основните и средните училишта во градот и населените места наставата ќе се одвива со физичко присуство, освен во гимназијата „Мирче Ацев“ каде за 774 ученици наставата ќе биде онлајн, до завршување на реконструктивните зафати.

Во училишните клупи ќе седнат 668 првачиња. Заедно со првачињата, настава во основно образование ќе посетуваат вкупно 6.287 ученици, а во средно образование 3.295.

Пред почетокот на учебната година, што ќе се одвива според сите протоколи за заштита од коронавирусот, општината за набавка на нагледни средства инвестирала 36
милиони денари, додека за подобрување на училишната инфраструктура издвоила околу 60 милиони денари. Ка.М.