Делегација на Општина Прилеп и претставници на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп денеска поединечно ја одбележаа 63-годишнината од смртта на Методија Антонов – Ченто.

Градоначалникот Илија Јованоски положувајќи свежо цвеќе пред споменикот му оддаде на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ.

Годишнината од смртта на Методија Андонов Ченто ја одбележаа и од ОК на
ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Методија Андонов – Ченто е македонски национален борец, деец и политичар и прв претседател на Президиумот на АСНОМ. Роден е на 17 август 1902 година во Прилеп, а
својот живот го завршил на 24 јули 1957 година. Ка.М.