Во Прилеп започна да се гради Информатички центар за опоравување од катастрофи и обезбедување континуитет во работата. Центарот се гради со европски пари обезбедени од ИПА компонентата – национална програма. Европската унија го
поддржува Министерството за внатрешни работи во воспоставувањето на Информатичкиот центар, како основа за идниот Шенгенски информациски систем на земјата корисник.

Овој инфромациски центар ќе овозможи зачувување (бекап) на информациите и континуитет во работењето. Проектот опфаќа изградба на нова зграда на
Информатичкиот центар, изградба на простории за контрола и се придружно што
следува. Проектот треба да биде завршен за една година, а вредноста е 141.680 евра.
Премиерот Зоран Заев кој присуствуваше, на стартот на изградбата на центарот,
посочи дека зачувувањето на податоците на едно место е многу значајно, особено за податоците од национален интерес.

Евроамбасадорот Самеул Жбогар истакна дека центарот има двојна улога – соодветно чување на податоците и капацитет за нивно опоравување.

За министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ова е значаен проект кој ќе обезбеди чување на податоци и функционирање на информациски систем во услови
на катастрофи.

Информатичкиот центар ќе овозможи зачувување на податоци за целосно опоравување во случај на катастрофа, како и развивање наполитики и планови со кои ќе се поддржи опоравувањето на системот. Ка.М.