Од 17.15 часот во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Свети Николе-Овче Поле, поради случена сообраќајна незгода, информира АМСМ. Како што се наведува, сообраќајот ќе биде пренасочен по автопат.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.