Ниту Поречијата не беше поштедена од огнената стихија, која е присутна во речиси целата земја и, во овој момент во овој регион пребогат со дабова и борова шума, активни се пожарите кај селата Рамне и Ботишје а локализиран е пожарот над населбата Сувенир.

Ако не се спречи натамошно ширење на огнената стихија, постои опасност пожарот  да се прошири и кон селата Зркле и Ковче. Во гасењето на пожарот во близина на населбата Сувенир се вклучило и месното население, како и екипа на ТППЕ Македонски Брод – информираа жители од овој регион.