Општините Кичево, Македонски Брод и Пласница вчера беше спроведено гласањето во домашни услови на лицата кои поради болест, изнемоштеност или туѓа нега, не беа во можност во утрешниот ден да дојдат на гласачкото место. Така во Општина Кичево 74 лица болни и изнемоштени се пријавија да гласаат во домашни услови, во општина Македонски Брод 105 лица и во општина Пласница 13 лица.

-Во нашата општина вчера беше спроведено гласањето на болните и изнемоштени лица, кои побараа да гласаат во домашни услови. Од 74 лица регистрирани за вакво гласање, 69 граѓани го искористија своето демократско право на глас, додека 5 лица од разни причини не беа во можност да гласаат. Едно лице во текот на гласањето не било на пријавената адреса и не можело да гласа, две лица ги немаше на избирачкиот список, а две лица поради здравствената состојба беа на лекување во Скопје – истакна Антигона Сефери, претседателка на ОИК за општина Кичево.

Во општина Македонски Брод од 105 пријавени граѓани, болни и изнемоштени или корисници на туѓа, нега своето избирачко право го искористија 93 граѓани додека 12 граѓани од разни причини не го дадоа својот глас.

Во општина Пласница од 13 пријавени граѓани, болни и изнемоштени своето граѓанско право го искористија 12 лица, додека едно лице не било на адресата на која се пријавило да гласа.

З.А.