Фото: Зоран Антоски

Еден од проблемите на кого во Кичево не му се гледа крајот е состојбата со кучињата скитници, кои се постојана закана за сите возрасти граѓани, а најзагрозени се децата и постарите лица.

Така само во изминатите два дена, во ОВР Кичево пријавени се дури четири напади од кучиња скитници врз недолжни граѓани. Најпрво, 63-годишната З.С. на ул. Прилепска била касната од куче скитник. Во текот на денот се случиле уште две каснувања и тоа на булеварот „Ослободување“, каде настрадал И.С. (47) и на ул. 11 Септември, каде жестокоста на кучињата ја почуствувал О.Ј.(46 )години, четвртата жртва на овие скитници е В.Т.(60) од Кичево, која настрадала на ул. Пиринска.