Општина Велес и Сојузот на борци од НОАВМ-Велес по повод Денот на Републиката-2 август и двата историски Илиндена – 115 години од почетокот на Илинденското востание и 74 години од Првото заседание на АСНОМ утрово организараа чествување на празникот. 

По тој повод делегација на општина Велес, на Сојузот на борци, на институции, организации, политички партии и граѓани утрово положија цвеќе и оддадоа почит на Панко Брашнар пред неговиот споменик во новиот дел на Велес.

Тие положија цвеќе и оддадоа почит и на велешките Илинденци пред споменикот на Коњаникот во центарот на градот.

Присутните делегации и граѓани потоа се упатија кон Спомен-костурницата на загинатите борци од НОВ каде исто така положија цвеќе и се поклонија на сите борци загинати за Македонија низ историјата до денес.

Свеченоста беше збогатена и со стих за Илинден-рецитал во изведба на Друштвото на писателите „Коста Солев Рацин“.