На три локации во Битола поставени се билборди за фиктивен лек „Хомофобиол“, кој, според авторите на делото, ја лечи и најтврдокорната хомофобија и трансфобија, информираат од ЛГБТИ Центарот за поддршка.

Од таму ја поздравуваат оваа акција, која, како што велат, претставува уметнички одговор на доминантно дискриминаторските ставови кон луѓето со различна сексуална ориентација и родов идентитет.

– Овие лица се секојдневно изложени на вербално и физичко насилство, како и на нееднаков третман во општеството – додаваат од ЛГБТИ Центарот за поддршка.