Во организација на Центарот за развој на Пелагонискиот регион, во Битола се одржа предавање на темата „Справување и препораки во случај на елементарни непогоди од земјотреси, поплави и свлечишта“. Предавањето се одржа во рамките на проектот „Заедничка прекугранична соработка за заштита на населението од природни непогоди и катастрофи предизвикани од човечки фактор (Ј-CROSS)“, финансиран преку Програматата за прекугранична соработка Interreg – IPA CBC 2014-2020.

Говорници на предавањето беа проф. д-р Милорад Јовановски и вон. проф. д-р Александра Богдановиќ, експерти од областа на превенција и заштита од поплави, свлечишта и земјотреси.

Предавањето имаше за цел  да ја информира јавноста за истражувањата на состојбите, како и начините за справување на засегнатите страни и институции во случај на било која од споменатите елементарни непогоди.

На предавањето учество зедоа претставници на засегнати институции и организации од регионот кои работат на темата за заштита и превенција од природни непогоди и катастрофи предизвикани од човечки фактор.

М.М.