Во организација на специјализираниот тим за спасување, кој работи во составот на Дирекцијата за заштита и спасување, денеска во Битола се одржа обука и показна вежба на која Тимот за брз одговор за заштита и спасување од Битола, демонстрираше спасување на повредено лице при земјотрес од висококатница во Битола.

Показната вежба се одржа на полигонот за обука во битолската касарна, а на присутните им беше објаснeто во какви случаи можат да се користат техники со јаже за спасување на повредени лица.
На вежбата беше присутен и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Беким Максути, кој вежбата ја оцени како исклучително успешна.
М.М.