Во организација на хрватскиот културен центар „Марко Марулиќ“, во Битола е одбележан денот на Хрватската државност.

Прославата се одржа во малата сала на Центарот за култура. На настанот присуствуваше амбасадорката на Република Хрватска, н.е. Нивес Тигањ, градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска, градоначалникот на Општина Новаци Љубе Кузмановски, претставик на Општина Солин од Хрватска, членови на хрватскиот културен центар „Марко Марулиќ“ и други гости.

Градоначалничката Петровска честитајќи им го празникот по повод државноста на Хрватска посака идната година да продолжи старата традиција на одбележување, со многи гости, контакти и други средби. Во име на домаќинот, пред присутните се обрати координаторот на центарот „Марко Марулиќ“, Бранко Маретиќ.

Амбасадорката Тигањ во своето обраќање се заблагодари на гостопримството во Битола од страна на сите кои ја организираа прославата.

Покрај културната програма, Маретиќ и претставник на градот Солин доделија благодарници и статуетки на Солин на хрватската амбасадорка Тигањ, градоначалничката Петровска и директорката Андоновска Илиевски.

М.М.