По пауза од десет години, на иницијатитва на месното население од село Речани, возобновено е одбележувањето на Илинден во месноста Подуач, Кичевско, каде што во Илинденскиот период се одиграла една од најкрвавите битки, и каде што неколку десетици востаници го положиле животот во борбата за слобода .

На одбележувањето, букети свежо цвеќе положија претставници од село МЗ село Речани, како и од околните села, претставници на АРМ и боречката организација. За случувањата од периодот Илинден, зборуваше историчарот и хроничар на регионот, Душан Ристоски.

– Денес одбележуваме 116 години од трите големи битки што се одиграле во овој регион во 1903 година, каде што животот го положиле дури 135 востаници. Во меморијата ќе останат битките на Разбоишта, Патеец и тука каде што ја одележуваме големата битка на Подуач, во близина на село Речани. Тоа била огромна бројка на загинати за толку краток период, од регион кој и во тоа време бил ретко населен. Карактеристично е што дел од загинатите биле и од други региони села и градови, кои се вклучиле во одбрана на Рабетинска река и селата од овој регион – рече Ристоски. З.А.