Утринава кичевската котлина е целосно запрашена од пепел кој неконтролирано се испушта од термоелектраната Осломеј.
 
Концентрациите се толку високи што не се гледаат планините. Еколошка катастрофа за 50 илјади жители од овој регион.
 
Ова не не прв пат, но олкаво загадување досега не е запаметено велат жителите на Осломеј, кое утрово наликува на Хирошима после атомската бомба.
 

АД ЕЛЕМ соопшти дека е отстранет дефектот во системот за водено отпепелување кој настана синоќа во термоелектраната Осломеј, поради што дојде до исфрлање одредена количина пепел во атмосферата.

Станува збор за механички дефект, заглавен резервоар за хидросмеса, кој е веќе отстранет.

Стручните екипи на електраната работат на повторно вклучување на електростатскиот филтер на оџакот на ТЕ Осломеј и во секој момент се очекува да продолжи воденото отпепелување, согласно еколошките стандарди, наведуваат од АД ЕЛЕМ.

З.А