Нивото на Вардар во Велес измерен на мерното место кај Мало Мовче во близина на градскиот пазар денеска изнесува 170 сантиметри, информираат од Центарот за справување со кризи.

Во информацијата дадена за МИА, се нагласува дека иако Вардар во изминатите шест дена пораснал за 90 сантиметри, споредено со 14 март кога биле измерени само 80 сантиметри, сепак, ова ниво е далеку од критичното за излевање.

Во март 2016 нивото на Вардар порасна и до 250 сантиметри, а инаку котата на излевање во Велес е 259 сантиметри.

Сепак, од Центарот за управување за кризи потенцираат дека тие редовно ја следат состојбатасо нивото на Вардар, а со цел навреме да се преземат превентивни мерки од евентуално излевање.

Сето тоа бидејќи во наредните денови од УХМР најавуваат нови врнежи од дожд, што ќе значи и понатамошно зголемување на нивото на водата во реката Вардар, како и зголемување на притоките.