На мета на вандали во Струмица биле цветните расади во бетонските жардиниери на плоштадот „Гоце Делчев“, соопштија од прес службата на ЈПКД „Комуналец“.

Пред неколку денови на удар на вандалите и несовесните граѓани беше урбана опрема во Градскиот парк, а не се поштедени ниту цвеќињата од јавните површини во градот.

ОД ЈПКД „Комуналец“ апелираат до граѓаните да не ги оштетуваат цветните расади, кои ги красат парковите и зелените површини низ градот, бидејќи тие се на сите граѓани и се заедничко добро.

Инаку, од почетокот на годината се евидентирани повеќе случаи на кршење и уништување на урбана опрема, но досега не е пронајден ниту еден од сторителите.