Казнената установа во Црн мост стана современ затвор. Денеска тој официјално беше предаден во употреба и наскоро ќе ги прими првите затвореници, кои во моментот по почетокот на неговото реновирање затворската казна ја издржуваат во другите затвори во Македонија.

За реновирањерто на затворот потроешени се околу еден милион евра од европските фондови и од државниот буџет, од кои над 700 илјади евра се европски пари. Затворот во Битола, доби сосема нов лик, со извонредни услови за затворениците и притворениците, но и за вработените во затворот.

– Денеска имаме можност да го видиме реконстураниот затвор во Битола, што чинеше околу еден милион евра, а европските фондови спонзорираа околу 700 илјади евра. Претходно никогаш не бев овде, но имам информација дека условите биле катастрофални за разлика од сега. Работите се во финална фаза и наскоро затворениците ќе можат да се вратат овде. Многу е важно овој објект да се одржува за да остане таков каков што е – рече Фрек Јанмат, шеф на одделот за економска работа при Делегацијата на ЕУ Со реновирањето на затворот затворениците добиваат извонредни услови за престој.

Нов изглед добија заедничките простории, библиотеката, трпезаријата и кујната која е направена по ХАСАП систем, а изградена е и современа теретана. Воедно инсталиран е нов систем за за греење и ладење, потоа комплетно нов автоматизиран систем за надзор. Нов лик доби и административната зграда.

– Со реконструкцијата на затворот во Битола се овозможи подобрување на условите за притворените и затворените лица со имплементирање на сите меѓународни стандарди во работата на затворската управа. Притворскиот дел од овој затвор беше со деградирачки и нечовечки услови, после реновирањето доби целосно нов излглед. Градежните активности се квалитетно извршени, со што затворот претставува една современа казненоно-поправна установа, во која освен што се исполнети безбедносните услови опфатени се и сите компоненти за почитување на правата на осудените лица и спроведување на процесот за успешна ресоцијализација –
изјави Јовица Стојановиќ, директор на Управата за извршување санкции. М.М.