Во Битола е отворено првото ноќно кабаре. На отворањето на Кабарето учествуваа преку 30 актери, пејачи и танчaр(к)и. Церемонијал мајстор беше актерот Жарко Димоски, а на сцената го придружуваа Aлександар Тарабунов, Калина Велковска, Димитар Андоновски, Огнен Здравковски и пејачките Полина Тасева и Христина Јовановска. Кореографијата на танчaрите ја осмисли Илија Кардакоски, а костумите на сите учесници ги дизајнираше модниот креатор Андреј Папаз.

– Со Кабарето го отворивме комплексот Голд Фелиција, кој ќе биде наменет токму за тоа, музички изненадувања, секојдневни настани на кои ќе гостуваат популарни домашни и странски имиња, што особено ме радува – вели Димитар Андоновски, музички директор на проектот.

Кабарето се наоѓа во некогашниот реномиран ресторан Фелиција, кој е целосно реновиран. Во истиот двор на кабарето се наоѓа и Славјанскиот универзитет Г.Р. Державин. М.М.