Неготино

По повод прославувањето на празникот на лозарите и винарите, односно за време на одржувањето на централната манифестација, на 14 февруари, ќе има бесплатен превоз за сите учесници во прославата. Општината Неготино, заедно со општинските превозници „Дајо турс“, „Болеро“, „Бо-трај“ и „Си-мар“, обезбеди бесплатен превоз за сите граѓани.

– Ова го организираме за да им излеземе во пресрет на сите жители од населените места во општината Неготино, но и за побезбеден сообраќај во централното градско подрачје. Сите граѓани што сакаат да присуствуваат на централната манифестација и да уживаат со добро вино, храна и музика испеана од македонските естрадни уметници се добредојдени, а тргнувањето ќе биде во 10.30 и 11 часот од автобуските станици во Пепелиште, Криволак, Тимјаник, Долни Дисан, Војшанци и Тремник – соопштуваат од општината Неготино.