Утре во периодот од 9:30 часот до 10:00 часот ќе има прекин во напојувањето со електрична енергија во тунелите на автопатот кај Демир Капија.

Како што соопштуваат од ЈП „Македонија Пат“ прекинот во снабдувањето со струја е поради изведување електричарски работи од страна на екипи на ЕВН.

Поради планирани технички зафати во дистрибутивната електромрежа во Скопје утре од девет до 12 часот без електрична енергија ќе останат  корисници од дел од село Глумово во општина Сарај, од 11 до 13 часот корисници од селата Маркова Сушица, Ракотинци, Добри Дол и дел од село Батинци во општина Сопиште, како и сите стопански и нестопански објекти на главниот пат од Батинци кон Јаболци во општина Студеничани.

Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје соопшти дека утре од 08:45 до 11 часот без струја ќе бидат корисниците од селата Нова Брезница, Осинчани, Малчиште, Елово, Јаболци, Држилово, Патешка Река и Црн Врв и сите стопански и нестопански објекти во тој потег во општина Сопиште.