Напојувањето со електрична енергија на тунелите на патот Демир Капија – Смоквица од страна на Демир Капија денеска и во наредните неколку денови ќе биде во прекин. Напојување ќе има само од страна на Удово.

Ова го соопшти ЈП Македонија пат по известување од ЕВН Македонија.

Доколку дојде до прекин во напојување од двете страни, како што се посочува, сообраќајот на автопатот Демир Капија – Смоквица во двете насоки ќе се одвива под посебни услови во тунелите.