Најновите испитувања на водата од Дојранско Езеро покажаа дека таа е во одлична состојба и дека е безбедна за капење и рекреација.
Според последните извештаи од тестирањата на здравствената безбедност на водата од Дојранско Езеро, со примероци земени од Градската плажа, плажата кај хотелот „Полин“ и плажата Гранико, е докажано дека водата кај трите споменати плажи е во одлична состојба и истата таа може да се користи за капење и рекреација на луѓето.
– Стручно мислење за здравствената безбедност на водата даде јавната здравствена установа Центарот за јавно здравје – Велес – информираат општинарите.