Оваа година локалната самоуправа на општината Новаци и покрај здравствена и економската криза асфалтира локални улици во должина од 3 километри во 17 населени места. Вкупната инвестиција изнесува 11 милиони денари, средства
обезбедени од буџетот на Општината.

Паралелно со тоа тампонирани и изградени се полски патишта во 15 населени места, во должина од 10 километри во вредност од 9.000.000 денари, средства обезбедени исто така од буџетот на Општина Новаци.

Со средства од буџетот на општината изградена е секундарна фекална канализација во село Новаци – 10 краци и ревитализација на пумпни станици со вкупна вредност од 2.635.797 денари.Во
предвидениот рок заврши реконструкцијата на локална улица во село Новаци во висина од 3.052.314 денари и должина од 500 метри. Во тек е реконструкција и надоградба на дел од општинската зграда во Новаци, капитална инвестиција од 25 милиони денари.

Во соработка со Јавното претпријатие за државни патишта заврши рехабилитацијата на регионалниот пат Новаци-Маково во должина од 2,5 километри и вредност од 11 милиони денари, обезбедени од Владата. Исто така во тек се градежни работи за рехабилитација на регионалниот пат Бач-Гермијан-Кременица, во должина од 4 километри. со што ги решаваме децениските проблеми на граѓаните од овој регион. Извршена е санација на банкини на локалниот пат Новаци-Рибарци во должина
од 2,5 километри. Ова го истакна градоначалникот на Новаци, Љубе Кузманоски
во неговиот годишен отчет. М.М.