Јавното претпријатие Водовод Битола денеска излезе со апел до битолчани за рационално користење на водата за пиење.

Во апелот испратен до битолската јавност се нагласува дека врз основа на податоците на Управата за хидрометеоролошки работи од каде се најавуваат високи температури, кои деновиве може да достигнат и над 40 степени Целзиусови како и податоците на ЈКП „Водовод” Битола за зголемена потрошувачка на водата, се апелира до граѓаните на Битола рационално да ја користат и употребуваат водата, да избегнуваат полевање на поголеми површини и непотребно трошење на водата за време на топлите денови.

Од ЈП Водовод се нагласува дека против сите граѓани кои се диво приклучени на водоводната мрежа ќе бидат покренати прекршочна постапка за сторено кривично дело, бидејќи со дивите приклучоци, кои се забранети со закон се нанесува директна штета на системот за водоснабдување и на квалитетот на водоснабдувањето во град Битола, се вели во соопштението на ЈП „Водовод“ Битола. М.М.