Со пристигнувањето на првите учесници вчера и официјално започна третото издание на манифестацијата „Допри го цонцето АЛШАР 2018“ лоцирана во живописното село Мрежичко.

Организаторите здружението „Тиквешки точакџии“ од Кавадарци ги повика сите вљубеници во планинскиот велосипедизам, воопшто на планината и природата заеднички повторно да го откријат мистичниот момент на Алшар, исконската природа на Кожув Планина, на земјата, водата и воздухот и местата каде сонцето свети на малку поинаков начин, бидејќи таму пулсира една поинаква енергија која ја носат сите учесници желни за нова авантура .

Денешниот ден е резервиран за моторите и теренските возила кои ќе продефилираат по малата и големата велосипедска тура, а по пладневната „сиеста“ ќе следи настап на на диџеј Славе келешовски закажан за 19.30 часот .

Според програмата од 21 часот ќе се прикажуваат хумористичните „Лакрдии на Паја“ по што ќе следи настап на кавадаречкиот рок состав „Бадасал“.

Официјалното отворање на манифестацијата утре е предвидено во 10 часот со стартот на големата велосипедска тура, во 10.30 следи средната велосипедска заедно со големата планинарска тура со ПСД „Орле“ од Кавадарци и во 11 часот малата велосипедска и малата планинарска тура од само 6 километри.

Она што е ново во организаторскиот дел е што годинава се повикани да учествуваат и лица со попречености и посебни потреби за кои е обезбедена посебна пристапност до централната манифестација.

Лорандитот како исклучително редок минерал кој и алшарската темјанушла кои ги има само на Кожув е уште една причина да се доживее уште нова незаборавна дружба која не може да се прераскаже.