Во акцијата за борба против аерозагадувањето, претставници на РЦУК Кичево, во соработка со ЕЛС Кичево, Црвениот крст и Здравствениот дом-Кичево, организираа повеќе активности. Најпрво од нивна страна беше извршено зазеленување на кругот каде што е лоцирана оваа институција, а потоа беше посетен и Домот на пензионери, каде од вработени од здравствениот сектор, се одржа предавање на тема „Мерки за заштита на стари лица при појава на загаден воздух“.

При оваа акција лекарски прегледи беа извршени врз жителите на домот, а им беа дадени совети и препораки како да се однесуваат во овој период, кога аерозагадувањето е константно над дозволените граници. На крај од РЦУК, Општината и Црвениот крст, на пензионерите од Домот им беа подарени по две ќебиња како и прехранбени пакети со разни намирници неопходни во секојдневниот живот.

-Со оваа акција сакаме да покажеме дека грижата за старите лица е постојана, а така ќе продолжиме и во наредниот период. Се надеваме дека овие активности во добра мера ќе помогнат најстарите жители на градот да бидат во што подобра псифо-физичка кондиција и без проблеми ќе го поминат најстудениот период од годината, кој е воедно и најкритичен за најстарите жители на градот-истакнаа од РЦУК Кичево.

З.А.