Во изминатите седум дена учениците од четврто одделение од ОУ „К.Ј.Питу“ од Кичево, во соработка со волонтерите на Црвениот крст од овој град, ја спроведоа акцијата „Од срце дарувам, играчка подарувам“.Тие во рамките на своите материјални можности, донираа играчки кои денес им беа подарени на дечињата од детската градинка „Олга Мицеска“ од Кичево.

– Во соработка со волонтерите на Црвениот крст од нашиот град и четвртоодделенците од нашето училиште, ја спроведовме акцијата „Од срце дарувам, играчка подарувам“, со која нашите ученици на дечињата од детската градинка„ Олга Мицеска“, им донираа детски играчки од секакви форми и големини. На овој начин, нашите ученици потврдија не треба многу за малите гестови да се преточат во големи дела, за обравчињата на дечињата да бидат насмеани, срцињата полни, а животот порадосен. На радоста на дечињата од градинката им немаше крај, откако ги добија подароците донирани од нашите хумани ученици – истакна Анета Божиноска директорка на на ОУ„ К.Ј.Питу“ од Кичево. З.А.