Во недела со почеток во 10 часот, ќе се одржи акција за пошумување на ридот над населбата Баир во Битола. Просторот каде се планира реализирање на акцијата „Зелен Баир“ е поранешна борова шума, која во изминатите 15 години е целосно уништена од пожари.

Во акцијата за пошумување на ридот „Зелен Баир“ ќе учествуваат волонтери од повеќе граѓански организации од Битола, а тимот кој ја спроведува оваа акција ќе биде достапен за изјави за медиумите додека трае работната акција од 10:00 до 11:00 часот.

Акцијата за пошумување на ридот „Зелен Баир“ се реализира во рамки на „Активни граѓани за добро владеење“ активност што ја имплементира Форум – Центар за стратешки истражувања и документација од Скопје (ФОРУМ-ЦСИД) со поддршка на Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Во изминатите четири месеци, ФОРУМ-ЦСИД спроведуваше активности во Пелагонискиот плански регион, при што се формираше неформална група на граѓани од општина Битола кои добија поддршка за реализирање на оваа акција.