И противпожарната заштита на терен

Демир Хисар

И Општина Демир Хисар мошне активно е вклучена во преземање активности и превентивни заштитни мерки од ширењето на коронавирусот, а најпрвин изврши дезинфекција на јавните површини. Како што информираат од општината, службите од територијалната противпожарната единица прво ги исчистиле, а потоа и ги измиле улиците и другите јавни површини. Исто така реализирана е акција за дезинфекција на станбените згради.

– Со превентивни мерки во насока на заштита на граѓаните од коронавирусот, одговорно и доследно, екипа од ЈКП „Комуналец“ пристапи кон вршење дезинфекција на влезовите од станбените згради, потоа дезинфекција на контејнерите и на просторот околу нив. Во согласност со препораките од СЗО, Министерството за здравство и Владата во наредниов период ќе продолжат активностите за одржување хигиена и дезинфекција, за заштита и почитување на мерките за надминување на кризата од ковид-19 – објаснуваат надлежните.
Од Демир Хисар упатуваат апел до граѓаните да се придржуваат до мерките и препораките од Министерството за здравство и сите надлежни институции.