АД ЕСМ и РЕК Битола годинава издвоија околу 25 милиони денари за трите пелагониски општини – Могила, Новаци и Битола врз основа на Законот за животна средина и Методолодијата за распределба на средства од произведена електрична енергија од фосилни горива.

Од нив, над 14 милиони денари се за Општина Битола, над 6,5 милиони денари за Општина Новаци и над 3 милиони денари за Општина Могила. Ова го изјави првиот човек ан АД ЕСМ, Васко Ковачевски, кој денеска заедно со градоначалничката на Могила свечено го пушти новиот парк во центарот на селото кој е изграден со средства на АД ЕСМ.

Паркот во селото Беранци се гради токму со тие средства, а вакви паркови во Општина Могила се градат во уште неколку населени места. Овие проекти се потврда за соработката која компанијата и општините ја имаат со цел квалитетна и сеопфатна заштита на животната средина.

Инаку, генералниот директор на АД ЕСМ Ваксо Ковачевски денеска во Беранци ја најави големата еколошка акција на почетокот на декември кога ќе бидат засадени нови 50.000 багремови садници.

-Дел од нив ќе бидат во близина на с.Логоварди и с.Агларци, со што ќе се обидеме конечно после многу најави во минатото, да го формираме зелениот појас околу РЕК Битола, дополнително да ја заштитиме животната средина и да го зачуваме здравјето на жителите во населените места кои гравитираат околу најголемиот производител на електрична енергија во земјава – изјави Ковачевски во Беранци.

М.М.