Гевгелија

Од денеска 27 април, општинската администрација во Општина Гевгелија ќе работи по старото работно време. Односно, општинската администрација, одделението за локални даноци и секторот за урбанизам во Општина Гевгелија ќе работат од 8 до 16 часот.
– Граѓаните своите потреби и барања можат да ги поднесат на пријавниците, секој работен ден, во време од 10 до 14 часот. Сите потребни информации и услуги граѓаните, исто така, можат да ги добијат по електронски пат – информираат од Општина Гевгелија.