Ќе се отвори нова детска градинка во Кичево

435

Со средства од турската агенција за соработка и координација „ТИКА“, во Кичево во кругот на училиштето „Санде Штерјоски„, населба Пашино е изградена нова детска градинка, чиј капацитет е за 120 деца до 6 годишна возраст.

Новата детска градинка беше завршена уште на почетокот на оваа календарска година, но дилемата беше дали со неа да стопанисува локалната самоуправа или не. На крајот е одлучено и оваа градинка да биде вклучена во системот на управување со преостанатите две детски градинки.

-Наскоро ќе биде ставена во употреба новата детска градинка изградена со средства на турската агенција за соработка и координација „ТИКА“. Новата детска градинка е со капацитет за 120 деца до 6 годишна возраст. Истата е целосно опремена и наскоро треба само да го решиме персоналното прашање и градинката да биде ставена во употреба. Карактеристично е што и оваа детска градинка ќе биде клон на најстарата детска градинка во Кичево „Олга Мицеска“ и сите три градинки во градот ќе функционираат со една управа. Отворањето на новата детска градинка во добар дел ќе го реши проблемот од недостаток на слободни места во постоечките градинки, а свое прво вработување ќе најдат и дел невработени лица, претежно од женскиот пол – истакна Садик Ахмети, директор на детската градинка „Олга Мицеска“.

З.А.