Штип „скениран“ од средношколците

51

Денеска е третиот ден од средношколскиот медиумски камп во Штип, организиран од Високата школа за новинарство и односи со јавноста во партнерство со Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип и дневниот весник „Нова Македонија“.

Кампот е предвидено да трае до утре, а на него средношколци од цела Македонија ги прават првите чекори во светот на медиумите. Преку предавања, вежби и практична работа со професионални новинари и медиумски работници учениците учат како се прават видео прилози, фото приказни и како се подготвува телевизиска емисија.

Во изминатите два дена траеја подготовките и пробните снимања, а денеска се работи на монтажа на проектите и нивна завршна обработка.

Учесници на кампот се авторите на најдобрите медиумски производи од конкурсот „Изрази се преку медиумите“ и средношколци кои се активни соработници на средношколскиот весникот „Медиум“.