Чествување пред споменикот на двата Илиндени

108

Големиот макеоднски празник Илинден, градоначалничката на Битола Наташа Петровска го одбележа со положување на букети свежи цвеќиња на споменикот на Илинден во црквата „Св. Недела“ и споменикот на НОВ и Револуцијата пред Центарот за култура.

Чествувањето на големиот македонски празник Илинден, денес во Битола, започна пред Споменикот на илинденците, во Храмот „Света Недела“. Свежо цвеќе во нивна чест, положија градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска и претставници од Советот на Општина Битола, како и претставници од политичките партии СДСМ и ВМРО ДПМНЕ.

Делегацијата предводена од Градоначалничката Петровска, а во придружба на Сојузот на борци од Битола, со положување на свежо цвеќе оддаде почит и пред споменикот на двата Илиндени, пред Центарот за култура.

– Нека ни е честит 2-ри Август, нека ни се вековити вредностите што овој ден ги носи со себе низ столетијата, вредности на почит, соживот, разбирање, слобода, творење и напредок – истакна Петровска по повод чествувањето на овој голем празник со двојно историско, општествено-политичко, но и исконско-верско значење за државата.

М.М.