Црковниот храм „Св.Петар и Павле“ во Кичево го одбележа својот патрон

184
Фото: Зоран Антоски

Во присуство на голем број на верници од градот и соседството, денес црковниот храм „Св. Петар и Павле“ во Кичево го одбележа својот патрон, попознат меѓу верниците како Петровден.

Одбележувањето беше збогатено со повеќе содржини. Најпрво беше одржана утринска богослужба, а потоа отслужена и света архиерејска литургија со која чиноначалствуваше митрополитот Дебарско–кичевски и Плаошки господин Тимотеј, во сослужение со повеќе архиереи од кичевското-архиерејско намесништво.

Потоа беше осветена вода и славскиот колач, а причест примија верниците кои се прдржуваа кон Петровденските пости. За пријателите и верниците на ова одбележување, годинешниот кум Виктор Аврамоски, во црковниот двор организираше и закуска.

Овој храм, засега единствен во градот, осветен е во 1910 година, а пред 9 години одбележа еден век од неговото осветување.