Црковниот храм „Свети Петар и Павле“ во Кичево го одбележа својот патрон

92
Фото: Зоран Антоски

Според сите протоколи поврзани со ковид-19, црковниот храм „Свети Петар и Павле“ во Кичево, денес го одбележа својот патрон Петровден.

Одбележувањето започна со Утрена богослужба и Света божествена литургија отслужени од страна на свештенството во кичевскиот храм, а беше извршен и Водосвет и кршење на славскиот колач.

За првпат по неколку години, поради ковид-19, немаше кумство и помасовно собирање, каде избраниот кум традиционално организира закуска за своите пријатели, познаници и верници.

Покрај градската црква, литургии и Водосвет со славски колач беше организиран и во селата Србјани и Тајмиште, каде беа собрани верниците од овие рурални средини.

– Денот на црковниот храм „Свети Петар и Павле“ Петровден, во Кичево беше одбележан на традиционален начин со Утрена богослужба, Света божествена Литургија, Водосвет и кршење на славскиот колач. Ова одбележување беше спроведено според сите протоколи за ковид-19, со редуциран број верници, а поради пандемијата немаше и традиционално кумство со помасовна организација и собирање на верниците – истакна отец Александар Крстаноски, свештеник од Кичево. З.А.