Целосна реконструкција на патниот правец од Фариш кон Прилеп

151

Mинистерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, и директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов, денеска извршија увид во градежните работи за рехабилитација на регионалниот пат Раец – Фариш.

Станува збор за инвестицијата со вредност од 1,5 милион евра.

Според министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, градежните работи се одвиваат со засилено темпо и се очекува рехабилитацијата на патот и мостовите на патниот правец Фариш – Дреново да биде завршена во текот на следниот месец.

– Оваа делница е од големо значење за Прилеп, Битола, Ресен и за целиот централен дел на земјата – изјави Сугарески.

Директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов, истакна дека за речиси една година целосно ќе биде рехабилитиран и реконструиран патниот правец од Фариш кон Прилеп.

– Секаде каде што се две ленти, ќе има изградба на трета лента. Тендерот за реконструкција на патниот правец Фариш – Прилеп е завршен и набргу ќе поче да се работи. За рок од една година, целосно ќе биде рехабилитиран и реконструиран патот од тука до Прилеп и по целата должина ќе биде со три ленти. Во тек е изградбата на експресниот пат Градско – Дреново, за десетина дена го објавуваме новиот тендер за доизградба на експресниот пат од Фариш до Дреново и веднаш потоа ќе почнат градежните работи – изјави директорот Китанов.